Јамал урна уште еден рекорд на Мбапе

Ламин Јамал ја затресе мрежата на Астон Вила и ја најави новата европска победа на Барселона, погодок со кој шпанскиот бисер стана најефикасен тинејџер во историјата на ЛШ уривајќи ште еден рекорд што досега беше сопственост на неговиот лут ривал од Реал Мадрид, Килијан Мбапе.

Имено, 19-годишниот Јамал стигна до бројката од 14 погодоци во ЛШ, со што стана рекордер по број на постигнати голови пред да го прослави својот 20. роденден. Претходно овој рекорд беше сопственост на Мбапе кој имаше 13 гола како тинејџер во ЛШ настапувајќи за Монако. Ерлинг Халанд е трет на оваа листа со десет погодоци како тинејџер во елитното натпреварување.

Јамал веќе извесно време е рекордер и по бројот на одиграни натпревари до 20-годишна возраст, дури 37 наспроти 23 на Мбапе.

Ламин дебитираше во ЛШ на возрат од 16 години, два месеци и шест дена, додка Мбапе своето деби во елитното европско натпреварување го имаше на возраст од 17 години, девет месеци и седум дена.

Она што е интересно, Јамал во првата сезона во ЛШ одигра десет погодоци и не постигна ниту еден погодок за Барса, но сепак успеа да го урне рекордот на Мбапе.

Се вчитува...