Кузмановски за Горига: Се што е за добро на репрезентацијата…. е добредојдено

Филип Кузмановски е лидер на македонската репрезентација во последните неколку години, а одличниот бек првпат проговори за одлуката на федерацијата и на селекторот Лазаров да му се даде македонски пасош на Украинецот Горига, кој своето деби за нашата национална селекција ќе го има токму вечерва против Луксембург.

Кузмановски како вистински капитен му посака добредојде на Горига, гледајќи го како додадена вредност на нашата репрезентација, пред се на големите натпреварувања каде имаме згуснат распоред од натпревари на секои два дена.

„Јас лично не го гледам како конкуренција. Сè што е за доброто на репрезентацијата секогаш е добредојдено. Знаеме дека Горига е квалитетен играч и дека може да му помогне на тимот, да биде додадена вредност која може да промени многу работи. На големите натпреварувања играме против квалитетни репрезентации и сметам дека неговото искуство ќе биде од големо значење, за да бидеме уште поконкурентни. Селекторот Лазаров секогаш има план и верувам дека она што го има зацртано ќе донесе резултати. Времето за адаптација на Горига е кратко, но сите ние ќе се погрижиме што побрзо да се вклопи. Тој веќе добро се познава со играчите на Вардар“, истакна Кузмановски за новиот македонски репрезентативец.

Се вчитува...