Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски доживеа истегнување и нема да биде во комбинација следните две недели. Тоа значи дека ќе го пропушти дербито со Реал Мадрид во Купот кое се игра во четврток. Тој нема да настапи ниту во првенствениот дуел со Валенсија на 5. март.
Вчера Левандовски го одигра целиот меч против Алмерија, но после натпреварот се пожалил на повреда, а прегледите покажале дека мора да мирува извесен период. Тоа ќе биде голем хендикеп за Барселона, особено во дуелот со „кралевите“.
Останува да се види дали Полјакот ќе може да настапи на реваншот во Купот, како и на дуелот меѓу Атлетик Билбао во шпанската Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА