Интер ќе биде значително ослабен за градското дерби против Милан што е на програмата викендов откако Дензел Дамфрис ја загуби трката со времето и нема да може да настапи за „нероаѕурите“ на овој важен дуел.
Холандскиот десен бек се повреди при настап за репрезентацијата, по враќањето во Милано се вршеа напори тој да биде оспособен за настап, но тоа не вроди со плод. Дамфрис ниту денеска не тренираше со остатокот од тимот, по што лекарскиот тим соопшти дека Холанѓанецот ќе мора да мирува уште неколку дена.
Дамфрис е прва опција на тренерот Киву на десен бек сезонава, иако ефектот во Серија А му е скромен, само еден погодок во последните три месеци откако ланската сезона ја заврши со седум гола и две асистенции во Калчо-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

