Голем проблем за Пелистер – се повреди Донован Доналдсон

Пелистер има двоцифрена негатива по 20. минути игра во Гостивар (49-39), а битолчани се соочуваат и со уште поголем проблем откако при крајот на втората четвртина се повреди Донован Доналдсон. Американскиот бек по обид за три поени се чини дека имаше лош доскок, а по некоја секунда падна паркетот фаќајќи се за тетивата на левата нога.

По укажаната лекарска помош беше изнесен од паркетот со помош на неговите соиграчи, а остана на клупата и на полувремето, наговестувајќи лоши вести за Пелситер.

Доналдсон го засили вицешампионот пред само неколку дена, а се очекуваше да биде клучен играч во сезоната во која Пелистер повторно ќе биде дел од АБА2 лигата. Останува да видиме што ќе откријат медицинските прегледи и колкаво ќе биде отсуството на Американецот.

Се вчитува...