По големиот срам во АБА лигата и елиминацијата од Будуќност во полуфиналето од јадранското натпреварување, Црвена звезда доживеа уште поголем срам во српскиот шампионат.
Избраниците на Сферопулос се елиминирани во полуфиналето од ова натпреварување откако Спартак Суботица славеше со 2-0 во серијата.
По изненадувачката победа во Белград, тимот од Суботица вечерва славеше и на домашен терен и тоа со убедливи 93-77.
Спартак Суботица во финалето го очекува подобриот од втората полуфинална серија во која Партизан има водство против ФМП од 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА