Голем трансфер во најава – Златан Ибрахимовиќ се враќа во Милан?

Раководството на Милан разговарало со менаџерот Мино Рајола за враќање на Златан Ибрахимовиќ во таборот на „росонерите“.

Италијанските медиуми објавија дека Рајола имал средба со челниците на Милан за продолжување на договорот на Џакомо Бонавентура, но на средбата било отворено и прашањето за враќање на Ибрахимовиќ.

Рајола не беше во добри односи со претходното раководство на миланскиот клуб, но со доаѓањето на Паоло Малдини и на Леонардо, работите се сменија и сега менаџерот е подготвен да преговара со нив за шведскиот напаѓач.

Евентуалниот трансфер на Златан Ибрахимовиќ од МЛС Галакси во Милан зависи од многу фактори и засега се уште е во сфера на шпекулации.

Се вчитува...