Голем удар: Бундеслигата со можна загуба од милијарда евра

Првата фудбалска лига во Германија оваа сезона може да загуби до една милијарда евра доколку навивачите не се вратат на трибините, изјави извршниот директор на „Дојче Фудбал Лига“, Кристијан Зајферт.

За разлика од оваа, претходната сезона Германците забележаа пад од шест%, или 250 милиони евра, поради предвременето прекинување на лигата.

„Вкупната загуба од навивачите во целата сезона ќе изнесува околу 650 милиони евра во споредба со сезоната 2018/19. Дополнителни 250 милиони евра ќе бидат изгубени со трансферите на играчите и помалите приходи од спонзори со што вкупната загуба би се искачила до милијарда евра“ – изјави Зајферт.

Се вчитува...