Голем удар за Атлетико: Лемар ја скина тетивата

Атлетико Мадрид претрпе убедлив пораз на гостувањето против Валенсија, но Диего Симеоне се соочува со уште поголем проблем по повредата што ја заработи Томас Лемар.

Францускиот крилен офанзивец се повреди и мораше на носилки да биде изнесен од теренот, а денешните детални прегледи ја донесоа најлошата можна вест за Атлетико – станува збор за кинење на тетивата.

„Прегледите извршени врз Лемар покажаа кинење на тетивата на десната нога. Лемар во најскоро време ќе мора да биде опериран, му посакуваме што побрза рехабилитација“, се вели во клупското соопштение на мадридскиот прволигаш.

Се вчитува...