Голем удар за Реал – Карвахал пред долга пауза

Зинедин Зидан се соочува со сериозен проблем откако Дани Карвахал заработи повреда на коленото поради која десниот бек го очекува подолга пауза од терените.

Карвахал се повредил на утринскиот тренинг на „кралевите“, а деталните прегледи покажаа дека станува збор за проблем со лигаментите на коленото. Иако лигаментите не се скинати, сепак ќе биде потребно подолго мирување, а враќањето на Карвахал на терените може да се очекува за најмалку два месеци.

Во отсуство на шпанскиот репрезентативец шанса ќе добие Одриозола, кој беше стартер и на последниот дуел со Валјадолид, а како резервна опција се најавува и Лукас Васкез.

Карвахал дефинитивно ќе го пропушти претстојното „Ел Класико“ закажано за 25 октомври, како и лигашките дуели со Леванте, Кадиз, Хуеска, Валенсија и Вилјареал.

Се вчитува...