Голема грешка на Давков – Струга до водство во Штип (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Македонија, Струга ТЛ поведува со 0-1 на гостувањето во Штип кај Брегалница во натпревар од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Стружани до водство од 0-1 стигнаа во 6. минута откако по ударот од слободен удар на Бесарт Ибраими, Давков лошо интервенираше по што најдобро се снајде Бојку за водство на гостите од 0-1.

Водство од 1-0 има и Македонија Ѓорче Петров на домашниот натпревар против Гостивар. Стрелец за „лавовите“ беше Величковски во 7. минута.

Се вчитува...