Голема награда на Имола: Доминација на Ред Бул, трка за заборав за Ферари

Макс Ферстапен и Серхио Перез доминатно го завршија новиот викенд на Формула 1 откако Големата награда за Имола ја завршија со „еден-два“ победа. Холанѓанецот и Мексиканецот го искористија извртувањето на Саинз на самиот почеток на трката, а откако ги завземаа првите две позиции не ги испуштија до крајот.

„Домашната“ трка на Ферари заврши како големо разочарување бидејќи откако Саинз не успеа да ја заврши трката, а Шарл Леклер кој поголемиот дел од трката ја помина зад двоецот на Ред Бул, на десет круга пред крајот се изврте на стазата, а на крајот мораше да се задоволи само со шестата позиција.

Тоа го искористи Ландо Норис кој се искачи на пиедесталот како трет, а зад него завршија Расел, Ботас, Тсунода и Фетел.

Се вчитува...