Голема победа на Басконија над Олимпијакос во борбата за топ 8 во Евролигата

Басконија стигна до значајна победа во борбата за топ 8 во Евролигата, откако на домашен терен славеше над грчкиот Олимпијакос со 91-66. Гостите беа подобар противник само во првата четвртина која ја добија со 15-21. До полувремето следуваше одлична игра на домаќините кои на пауза заминаа со предност од 43-32.

Во второто полувреме само го исконтролираа резултатот за конечен триумф од 91-66. Лука Видоца со 19 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Жан-Чарлс заврши со 15 поени.

Се вчитува...