Голема распродажба во Јувентус: Дури 11 фудбалери летово го напуштаат клубот!?

Јувентус планира да се ослободи од дури 11 фудбалери во летниот преоден рок, пренесува „Тутоспорт“.

Според најавите, „црно-белите“ не планираат баш сите да ги продадат на класичен начин, но дел од нив ќе бидат искористени за размена со други клубови.

На листата фудбалери кои летово треба да заминат се Миралем Пјаниќ, Матиа Перин, Матиа Де Шиљо, Даниеле Ругани, Кристијан Ромеро, Лука Пелегрини, Адриен Рабио, Марко Пјаца, Гонзало Игуаин, Роландо Мандрагора и Стефи Мавидиди. Покрај овие, Јувентус можно е да го напуштат и Даглас Коста и Арон Рамзи.

Листата и не е некое преголемо изненадување затоа што и претходно поголемиот дел од овие фудбалери беа нагласувани дека ќе го напуштат Јувентус. За некои тоа е извесно, за други помалку извесно.

Од друга страна, пак, има и фудбалери кои постојано се спомнуваат дека ќе ја засилат „Старата дама“, како Вилијан, Погба, Тонали, Мертенс…

Се вчитува...