Славниот бразилски фудбалер Оскар ја заврши кариерата на крајот од минатата година. Ја заврши во дресот на Сао Паоло, каде се врати откако заработи нереални бројки во Кина, каде беше една од првите ѕвезди кои заминаа поради финансискиот ефект. Подоцна јавно го призна ова пред целиот свет, а од договорот од Кинезите зеде повеќе од 200 милиони евра.
„Доаѓам од сиромашно семејство кое никогаш немало ништо. Ова се плодовите на мојата напорна работа и се чувствувам како победник поради овој договор“, рече Оскар, а потоа се осврна на критиките дека го напуштил Челси во својот најдобар период за огромни пари во Кина.
„Критичарите не ме интересираат. Размислував за моето семејство и иднината. Не сакам да бидам сиромашен на старост и да живеам од спомени. Да не ми требаа пари, воопшто не би го напуштил Бразил. Верувам дека повеќето играчи би донеле иста одлука како и јас. Знам дека играњето во Кина по Челси е чекор назад, но повторувам дека не можев да ги одбијам парите“, рече тој пред неколку години.
Тој помина седум години во тимот на Шангај Порт, зеде многу пари и во 2025 година одлучи да се врати дома со полни џебови. На крајот од кариерата, сакаше да му помогне на тимот во кој порасна, Сао Паоло, но среќата беше краткотрајна.
По само 20 натпревари, Оскар беше принуден да ја заврши кариерата. Доживеа срцев удар за време на тренинг, беше клинички мртов дури 50 секунди, но успеаја да го реанимираат.
Неколку месеци подоцна, тој откри за „Тајмс“ што се случило во тие моменти. Вели дека се сеќава на сè.
„Беше како сон, но некако чудно. Тешко е да се објасни“, вели Оскар и ја продолжува приказната.
„Слушнав дека кога човек умира, се гледа себеси. Не се видов себеси, но имав прекрасен сон во кој сè беше навистина прекрасно. Подоцна се сеќавам дека само го слушнав синот како ми кажува дека морам да се вратам.“
За среќа, неговиот живот беше спасен, но неговата кариера заврши веднаш. На 34-годишна возраст, тој мораше да ги закачи копачките на клин.
„Сега можам да живеам нормален живот“, кратко рече Оскар.
Бразилецот требаше да биде новото големо име на фудбалот во оваа земја. Како огромен талент, тој пристигна во летото 2012 година од Интернационале во Челси. Платен беше 32 милиони евра.
Играше одлично во лондонскиот клуб, беше познат како еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот, а потоа во јануари 2017 година, неочекувано прифати покана од Кина и договор што ќе му ја обезбеди иднината, иако заработуваше одлично и во Челси.
Не можеше да каже не на плата од 24 милиони евра годишно, а во следните осум години стана легенда на кинескиот тим Шангај Порт.
Одењето во Кина ја затвори вратата кон бразилската репрезентација. Наместо слава, тој избра пари, што реално би го направиле 90 проценти од луѓето, па затоа одигра само 48 настапи за Бразил со 12 постигнати голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
