Турскиот Анадолу Ефес се соочува со можен голем удар пред почетокот на плејоф-серијата во Евролигата против Панатинаикос, бидејќи настапот на американскиот бек Пи Џеј Доужер е под знак прашалник.
Тој доживеа незгоден удар на последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во Евролигата против Жалгирис, а опоравувањето не оди според очекувањата.
Поради ова, Доужер не беше во составот на турскиот тим за натпреварот против Бахчешехир во домашниот шампионат во кој домаќините славеа со 85-82.
Сепак, трошка надеж за Ефес е тоа што оваа недела на програмата е плеј-ин фазата, што на тимот од Истанбул му дава дополнително време да го подготви Доужер.
Оваа сезона во Евролигата имаше просек од 8,2 поени, 1,9 скока и 3,1 асистенции по натпревар, поминувајќи околу 17 минути на паркетот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА