Големи проблеми за Мајами – Драгиќ не е единствената главоболка

Мајами е во големи проблеми во пресрет на вториот натпревар од финалната серија во НБА лигата против ЛА Лејкерс – Горан Драгиќ и Бем Адебајо се под знак прашалник, а и Џими Батлер има проблеми со повреда. Драгиќ во текот на првиот натпревар од финалето против Лејкерс заработи повреда на левото стапало, првите прогнози велеа дека е загубен до крајот на оваа серија, па Словенецот речиси сигурно нема да настапи на вечерашниот натпревар.

Што се однеува до Адебајо, овој кошаркар го мачи истегнување на вратот, па дури и доколку настапи прашање е дали ќе може да одигра на посакуваното ниво.

Исто така и Џими Батлер не е потполно подготвен, а во текот на првиот натпревар го повреди левиот глужд, но сепак се очекува тој да биде на располагање за вториот меч. Батлер во досегашниот дел од доигрувањето е најдобар стрелец за Мајами со 20,8 поени по натпревар. Драгиќ е втор со 19,9 поени, додека трет е токму Бем Адебајо со 17,8 поени, но одличниот центар е и прв скокач со 10,9 скока по натпревар.

Се вчитува...