Големи проблеми за Пеп – Двајца клучни фудбалери позитивни на Ковид-19

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се соочува со големи проблеми пред натпреварот на „боксинг-деј“ против Њукасл, откако клубот објави дека позитивни на коронавирус се Габриел Жезус и Кајл Вокер.

Вокер е еден од клучните фудбалери во одбраната на „граѓаните“, додека Габриел Жезус реално е единствениот шпиц, бидејќи Серхио Агуеро се уште е рековалесцент. Двајцата фудбалери се во задолжителен карантин. Манчестер Сити утре во 21 часот ќе го пречека Њукасл.

 

Се вчитува...