Еден од најдобрите фудбалери на европскиот шампион Пари Сен Жермен, грузискиот репрезентативец Квича Квараскелија, ќе биде опериран на почетокот на оваа недела откако претрпе тешка повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено, со што оваа сезона за него е практично завршена. Но, тој не е единствената грижа за Луис Енрике тука се и Усман Дембеле, Маркињос и Нуно Мендеш.
Како што пренесуваат угледниот „Л’Екип“, хируршката интервенција ќе се изврши во реномираниот медицински центар „Аспетар“ во Доха, а точниот датум на операцијата ќе биде дополнително потврден.
Квараскелија се повреди за време на натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите против Барселона (4-2), кога мораше да го напушти теренот во 59. минута.
Оваа повреда значи дека тековната сезона најверојатно е завршена за Грузиецот, бидејќи за закрепнување од ваков тип на операција се проценува дека ќе бидат потребни најмалку шест до осум месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
