Големи проблеми за Тухел пред мечот со Борусија Дортмунд

Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел изјави дека се уште не е сигурен дали ќе може да смета на Нејмар на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд. Бразилецот поради повреда го пропушти натпреварот против Дижон во Купот на Франција кој ПСЖ го доби со 6-1.

„Не можам со сигурност да потврдам дека ќе биде подготвен за мечот против Борусија Дортмунд. Ќе разговараме во петок и тогаш ќе одлучиме. Не сакам да ризикуваме ништо“, изјави Тухел. 

Првиот меч меѓу Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд е закажан за 18. февруари во Германија.

Се вчитува...