Големиот гест на Панчев – „Златната копачка“ со специјално место во музејот на Црвена Звезда

Црвена Звезда повторно со пофали со специјалното одличје во својот клупски музеј, „Златната копачка“ за најдобар стрелец во Европа што во 1991 година ја освои Дарко Панчев.

„Црвено-белите“ во објавата на клупските профили на социјалните мрежи уште еднаш потсетија на човечката големина на Панчев, кој дозволи оригиналната „златна копачка“ да го краси музејот во Белград.

Имено, идејата на луѓето од српскиот гигант била да ја позајмат наградата за да направат реплика што би стоела во музејот, но Панчев ги изненадил сите со одговорот – таа награда е колективна и тој немало да стигне до неа без помошта на соиграчите, инсистирајќи оригиналот да го краси црвено-белиот музеј.

Своевремено голем играч, сега уште поголем човек – Дарко Панчев.

Се вчитува...