Матиа Калдара беше најавуван како големо засилување за Милан, откако „росонерите“ во текот на летото се договорија во Јувентус да го вратат Леонардо Бонучи во директна размена за овој млад фудбалер. Сепак, повредите го спречија Калдара да влезе во новата сезона како што посакува, а згора на тоа младиот дефанзивец сега заработи нова тешка повреда поради која ќе мора подолго време да отсуствува од терените.
Екс-фудбалерот на Аталанта настрада на саботниот тренинг на „росонерите“, а деталните прегледи донесоа лоша вест за сите во клубот – големиот талент ја скинал тетивата, по што ќе следи повеќемесечна пауза од терените.
Матиа Калдара сезонава одигра само еден натпревар во тимот на Џенаро Гатузо, и тоа на гостувањето против Дуделанж во рамките од Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА