Златан Ибрахимовиќ беше во центарот на вниманието на натпреварот со кој Милан ја отвори новата сезона во италијанската Серија А. Тој ги постигна двата гола во победата над Болоња (2-0) и забележа ново историско постигнување во кариерата. Тој има постигнато голови во 23 сезони во најсилните конкуренции. Швеѓанецот е стрелец на голови во четири различни децении.
Голот за почетно водство на Милан, Ибрахимовиќ го постигна во 35. минута, а вториот погодок дојде само по пет минути од вториот дел. Шведскиот интернационалец погоди од белата точка по фаулот за најстрога казна кој беше досуден дури по консултацијата на ВАР. Болоња во 87. минута има одлична прилика за намалување на негативата, но Федерико Сантандер ја погоди стативата.
Милан им се приклучува на Џенова, Јувентус, Наполи и на Фиорентина кои забележаа победи во почетната рунда. Во следното коло, Милан се соочува со Кротоне додека Болоња шансата за воведна победа ќе ја бара во пресметката со Парма.
? GOOAL ZLATAN IBRAHIMOVIĆ pic.twitter.com/j0EYkM2bht
— AC Milan Reports (@ACMReports) September 21, 2020
? GOOAL ZLATAN IBRAHIMOVIĆpic.twitter.com/ELUwnA8O3F
— AC Milan Reports (@ACMReports) September 21, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА