Милан и Јувентус ги одмерија силите во големото дерби од Калчо-лигата кое донесе возбудувања, но до крајот мрежите мируваа и на семафорот стоеше најнепопуларниот резултат, 0-0.
Јувентус делуваше порасположено во првиот дел, Консеисао им создаваше огромни проблеми на домашните дефанзивци, а гостите постигнаа и гол преку Турам, што сепак беше поништен со ВАР поради минимален офсајд.
Како што одминуваше времето, така двата тима се повеќе внимаваа на сопствениот гол, па на крајот задоволни со по еден бод го завршија овој дерби натпревар.
„Росонерите“ по ова реми останаа на третото место со 67 бода, 12 помалку од водечкиот Интер. Јувентус останува на четвртата позиција со 64 бода, три повеќе од Комо и Рома, кои се главни ривали за последниот билет за учество во ЛШ следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
