Големо невреме го одложи стартот на Големата награда на Сингапур

Големата награда на Сингапур нема да започне во предвидениот термин од 14 часот поради големо невреме и обилен дожд кој ја зафати азиската држава. Патеката не е во добро состојба и организатор се одлучи за едночасовно одложување па новиот предвиден почеток се очекува во 15 часот и 05 минути.

Од првата позиција на истата ќе тргне Шарл Леклер, а зад него се Перез, Саинз, Алонсо, Норис и Гасли. Макс Ферсаптен го возеше најбрзиот круг на стазата во квалификациите, но остана без гориво па трката ќе ја започне од осмата позиција.

Се вчитува...