Големо засилување – Бериша е ново име во Струга ТЛ

Искусниот стопер Седат Бериша е нов фудбалер на македонскиот прволигаш Струга Трим и Љум. Бериша во Струга пристигнува од косовска Дрита, а во минатото во ПМФЛ настапуваше за екипите на Шкупи, Шкендија, Металург и Милано Куманово. Во странство во кариерата покрај за Дрита ги бранеше и боите на Бурсаспор, Ал Џахра, Влазнија и Тирана.

Се вчитува...