Големо засилување за нападот на Фенербахче

Фенербахче дополнително го засили нападот на својот тим успевајќи да го ангажира Ислам Слимани од Лестер, кој доаѓа на едногодишна позајмица во клубот за кој настапува и нашиот репрезентативец Елиф Елмас.

Слимани имаше зад себе извонредни сезони во дресот на Спортинг, постигнувајќи 57 гола за португалскиот гигант, но не успеа да продолжи во ист ритам и по преселбата во Лестер, трансфер вреден 27 милиони фунти. Тој не се избори за првотимски статус крај Џејми Варди, а вториот дел од ланската сезона го мина на позајмица во Њукасл, каде исто така поголемиот дел од времето го мина на клупата за резерви.

Фенербахче беше решен да доведе нов голгетер, а ангажманот на Алжирецот без притоа да се потрошат многу пари за негова отштета дефинитивно е одличен потег на турскиот фудбалски гигант.

Се вчитува...