Големот срце на Лука – Дончиќ изненади 200 дечиња од болница во Љубљана

Лука Дончиќ во моментов поради повреда е надвор од терените во НБА лигата. Тој иако се наоѓа во Соединетите американски држави не ги заборави дечињата од неговата родна Словенија.

Ѕвездата на Далас Маверикс донирала божиќни подароци на 200 болни дечиња од педијатриската болница во Љубљана.

„Светска ѕвезда како Лука не изненади. Овој прекрасен ден ќе го помнам цел живот“, изјави малата Хана. 

Се вчитува...