Големото срце на Букајо Сака: Награда за помошта во Нигерија, Мароко, Турција…

Англискиот репрезентативец и ѕвезда на Арсенал, Букајо Сака, е овогодишен добитник на престижната награда „Сократ“, признание што се доделува во рамките на церемонијата за „Златната топка“. Оваа награда се доделува на фудбалери кои покажале исклучителна посветеност на хуманитарната работа и општествената одговорност.

Младиот крилен напаѓач го привлече вниманието на светската јавност не само со своите маестрални партии на теренот, туку и со неговите бројни вонфудбалски активности. Сака во изминатиот период финансираше голем број хуманитарни акции, вклучувајќи медицински операции за деца во Африка, поддршка на младински заедници во Лондон и помош за социјално загрозени семејства.

„Фудбалот ни дава огромна платформа и среќен сум што можам да ја искористам за да им помогнам на оние на кои тоа им е најпотребно“, изјави Сака при примањето на наградата.

Малку е познато во јавноста, но капитенот на Арсенал издвојува дел од својата плата за да им помогне на оние на кои помошта им е најпотребна, и тоа на различни делови од светот. Сака има платено 120 операции на деца во Нигерија, обезбеди 50 домови за да издржува 84 семејства и 89 деца по земјотресот во Мароко, а исто така и организираше сместување за 26 семејства по страшниот земјотрес во Турција.

Букајо Сака, секоја чест…

Се вчитува...