Дани Олмо сега е фудбалска мегаѕвезда, но асот на Барселона не ги заборава своите почетоци и Динамо Загреб, клубот кој му помогна да ја лансира својата кариера.
Тој дојде на 16 години во Хрватска, набрзо потоа се избори за место во првиот тим,, а по неколкуте одлични сезони обезбеди мегатрансфер во Лајпциг од каде заврши во Барселона.
Неговиот агент Анди Бара обелодени дека Олмо се уште е максимално приврзан за Хрватска, секоја година донирајќи значителна сума пари за Вуковар.
„Тој уште од доаѓањето се интересираше за војната, што се случувало и беше особено потресен од историјата на Вуковар. Ќе откријам нешто што јавноста не го знае… По заминувањето од Динамо, Олмо во секој клуб во кој што игра, два проценти од договорот ја донира за Вуковар. Со оглед на фактот дека тој заработува сериозни пари, донираните суми се навистина големи. Тоа го правеше во Лајпциг, го прави и сега кога игра за Барселона, но не сака да се фали со такви работи. Ќе ви обелоденам и дека голема желлба му е кариерата да ја заврши во Динамо Загреб, се надева дека тоа еден ден во иднина ќе му се оствари“, истакна Бара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
