Големото срце на Ѓоковиќ – Србинот испраќа помош за украинскиот народ

Вториот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека има големо срце. И покрај се што му се случи од почетокот на годината тој се уште е една од најпозитивните личности во светот на тенисот, а тоа го потврдуваат и неговите колеги кои што секогаш велат дека за разлика од Федерер и Надал, Србинот секогаш е на нивна страна.

Украинецот Сергеј Стаховски кој тенискиот рекет го смени со оружје и во моментов ја брани својата земја од руската агресија на социјалните мрежи сподели разговор кој го имал со 20-кратниот гранд-слем шампион.

„Мислам на тебе.. Се надевам дека наскоро се ќе се смири. Те молам упати ме која е најдобра адреса да испратам финансиска или било каква помош“, му напишал Ѓоковиќ на Стаховски. 

 

 

Се вчитува...