Големото срце на Леброн Џејмс – Дечиња го чекаа осум часа за автограм, а тој … (ВИДЕО)

Леброн Џејмс стигна до четвртата титула во НБА лигата откако сезонава во финалето со ЛА Лејкерс триумфираше над Мајами Хит. Леброн Џејмс е најдобриот кошаркар на денешницата, а за неговата популарност особено кај најмладите залудно е да се говори. „Кралот“ уште еднаш покажа дека многу ги почитува и цени своите фанови и дека во секој момент ќе им даде максимално внимание кога е тоа возможно.

Едно семејство стрпливо го чекаше осум часа Леброн да излезе од хотелот, а кога тој ги здогледа не се двоумеше што да направи. Иако мерките поради коронавирусот се исклучително строги, ѕвездата на ЛА Лејкерс не се двоумеше да се фотографира и подели автограми, а дури и се извини што не смееше за фотографијата да ја симне маската.

 

Се вчитува...