Големото срце на Садио Мане: Гради болница во Сенегал за борба против коронавирусот

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, уште еднаш покажа дека е голем човек кој сака да му помогне на народот во Сенегал. Тој одлучи да изгради болница во родниот град Седиу и комплетно да ја опреми за борбата против коронавирусот. Пандемијата се шири и во Африка, а земјите од овој континент и не располагаат со премногу развиени здравствени системи. Мане сака да помогне во рамките на можностите во Сенегал. Тој донираше 3,5 милиони евра за итна изградба на болницата.

„Садио сака да помага во рамките на можностите на својот народ во Сенегал. Во минатото ги реновираше училиштата, изгради ново училиште во Бамбали, а сега се гради болница по итна постапка“, изјави Бјорн Беземер, агентот на Садио Мане.

Фудбалерот пред одреден период доби орден за заслуги од претседателот на Сенегал, Маки Сал, за помошта што им ја пружа на сонародниците.

 

Се вчитува...