Голман или октопод – три одбрани за пет секунди (видео)

Дерби-натпреварот од колумбискиот шампионат меѓу Милионариос и Атлетико Насионал мина во знакот на домашниот голман Вулкер Фарињез.

Чуварот на мрежата од Венецуела бранеше извонредно цел натпревар, а потегот на вечерта го имаше на пет минути до крајот, кога во рок од пет секунди имаше три феноменални интервенции.

Вакво голманско шоу веќе подолго време немаме видено…

Се вчитува...