Голман на својата рака го истетовирал автограмот на Меси (ФОТО)

Голманот на Интер Мајами, Франциско Раниери, на раката го истетовирал автограмот што му го дал аргентинскиот фудбалер Лионел Меси. Ѕвездата на ПСЖ неодамна го посети тренинг центарот на американскиот клуб додека се подготвуваше со репрезентацијата на Аргентина за пријателскиот натпревар против Хондурас.

Аргентина победи со 3-0 на 24 септември, а двоен стрелец беше Меси.

Раниери, кој брани за помладите селекции на Интер, се сретнал со Меси и бил воодушевен што го запознал славниот сонародник, па побарал од него автограм, односно да му се потпише на левата рака, објави сајтот „Гол“. Аргентинскиот голман потоа направил тетоважа од автограмот, изјавувајќи дека средбата со Меси е најдобриот ден во неговиот живот.

 

 

 

Се вчитува...