Голманот Божиновски позитивен на Ковид-19, отпадна за ноемврискиот репрезентативен собир

Репрезентативниот голман, Даниел Божиновски доби позитивен тест на Ковид-19 и нема да биде во составот на македонската А репрезентација за ноемвриските натпревари против Грузија (12. ноември), Естонија (15. ноември) и Ерменија (18. ноември).

Голманот на Силекс по вчерашното пристигнување во Скопје беше подложен на тестирање, а веднаш откако му беше потврден позитивниот резултат го напушти хотелот, без да има контакт со останатите лица од репрезентацијата, стручен штаб или фудбалери.

„За жал, позитивен сум на коронавирус и ќе мора да поминам одреден период во карантин. Немам симптоми, но принуден сум да бидам изолиран од соиграчите во следниот период. На репрезентативните колеги им посакувам многу среќа и успех во намерата да се избориме за пласман на Европско првенство. Јас ќе бидам еден од најголемите поддржувачи“ изјави Даниел Божиновски.

Селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски нема да повика друг голман за натпреварот со Грузија, но остава отворена можност тоа да го направи за дуелите од Лига на нации против Естонија и Ерменија.

Се вчитува...