Резервниот голман на Интер, Џозеф Мартинез беше вклучен во тешка сообраќајна несреќа во која загина 81-годишен маж во инвалидска количка.
Несреќата се случила во 9:30 часот наутро во градот Фенегро, недалеку од Комо, во близина на тренинг центарот на клубот од Милано. Според првите информации, од непозната причина, старецот преминал на спротивната лента, каде бил удрен од автомобил управуван од голманот на Интер.
Итните медицински служби брзо пристигнале на местото на настанот, но обидите за реанимација не успеале – несреќниот човек починал на местото на несреќата.
Како што објавија италијанските портали, се претпоставува дека на жртвата и се слошило пред да го премине патот, што довело до трагедијата.
Мартинез оваа сезона му се придружи на Интер како резерва на Јан Сомер, а пред тоа ги бранеше боите на Џенова. Засега, клубот и играчот не дале официјална изјава во врска со несреќата. Истрагата за околностите на несреќата е во тек.
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Inter goalkeeper, Josep Martinez, was involved in a fatal road accident this morning. 😢
His car struck an 81-year-old man in a wheelchair, who had suffered a medical emergency. Despite the rapid intervention of emergency services, the victim did not… pic.twitter.com/DN04mnTlMF
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) October 28, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

