Голманот на Кожуф кој делеше боксови на колега доби шестмесечна суспензија

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија, сосема очекувано, немаше милост кон голманот на гевгелискиот второлигаш Кожуф, Илија Јанкулов по инцидентот по завршувањето на натпреварот со Осогово.

Јанкулов по завршувањето на дуелот од Втората лига – Исток најпрво вербално а потоа и физички го нападнал противничкиот голман Матеј Андов упатувајќи неколку бокс-удари во пределот на главата. Па Дисциплинската комисија при ФФМ му изрече суспензија во траење од шест месеци за забрана за било каква фудбалска активност.

Покрај тоа Кожуф доби и парична казна поради инцидентот на крајот од дуелот со кочанци.

Се вчитува...