Голмански маки за Гвардиола – Вокер бранеше во финишот на „Сан Сиро“

Пеп Гвардиола се најде во небрано во завршницата од вечерашниот меч со Аталанта, па во последните минути од дуелот на „Сан Сиро“ на голот на Манчестер Сити застана дефанзивецот Кајл Вокер.

Проблемите почнаа кога првиот голман Едерсон се пожали на повреда, па мораше да биде заменет на полувремето со Клаудио Браво. Сепак, на девет минути до крајот Браво заработи директен црвен картон, па Гвардиола мораше да избере еден од фудбалерите да застане на голот. Вокер ја презеде одговорноста и добро се снајде, бранејќи го слободниот удар веднаш по влегувањето во игра.

„Граѓаните“ умешно ја чуваа топката надвор од својот гол, грижејќи се домаќините воопшто не го го загрозат „новиот голман“, па овој меч заврши без победник, 1-1.

Повредата на Едерсон дефинитивно е огромен проблем за Сити пред неделното гостување против Ливерпул во големото дерби на Премиер-лигата.

Се вчитува...