Голманско шоу на Валах – Вардар го растури Олимпијакос

Вардар тргна моќно на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид откако македонскиот првак на својот меч славеше над грчки Олимпијакос со убедливи 39-27. „Вардарци“ без без капитенот Лазаревски, но тоа воопшто не се одрази врз нивното издание, доминираа од почеток до крај и стигнаа до убедлив триумф.

Дуелот беше израмнет само до 3-3, по што Воркапиќ со три гола во низа донесе брзо водство од 6-3. Брилијантен во овој период од мечот беше голманот Валах, кој до 16. минута веќе имаше нанижано 10 успешни интервенции, а Вардар максимално го искористи тоа поведувајќи со 12-3. Олимпијакос за момент најде ритам во нападот, но Вардар одигра максимално, преку Воркапиќ поведе со 19-9, а на одмор замина со 21-11, благодарение на 13-те интервенции на Валах и едумте погодоци на Воркапиќ.

Победникот практично беше решен, „вардарци“ рутински ја одржуваа убедливата предност, што му овозможи на Чупиќ да им даде шанса и на најмладите ракометари во црвено-црниот табор. Тоа воопшто не се одрази над резултатот, македонскиот шампионат одигра на високо ниво до самиот крај, заслужено триумфирајќи со конечните „плус 12“, со погодокот во празна мрежа на младиот Николче Нечоски.

За МВП на натпреварот беше голманот Милош Валах со 15 успешни интервенции (во голем дел од второто полувреме бранеше Гогов), а најефикасни кај Вардар беа Воркапиќ и Фадуиљ со по седум гола, шест постигна Љевар, а пет Јака Малус.

До крај на денешниот прв ден од турнирот „Крсте Андоновски“, на програмата во салата „Билјанини извори“ има уште два натпревари, домаќинот Охрид ќе се сретне со младинската селекција на Египет во 18.30 часот, додека за 21 часот е закажан дуелот меѓу Загреб и Војводина.

Се вчитува...