Голот на Алиоски во изборот на „Скај спортс“ за најдобар во месец август!

Погодокот на македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски во дресот на Лидс на гостувањето против Нотингем Форест е во изборот за најдобар гол на месец август на „Скај спортс“.

Алиоски е во најтесниот круг од три погодоци кои се избрани за најубави голови во Чемпионшип лигата во август 2017, заедно со Андреас Бухаликис и фудбалерот на Астон Вила, Андре Грин…

За Езгијан Алиоски во изборот за најдобар погодок во Чемпионшип лигата може да гласате на следниот ТУКА.

Се вчитува...