Голот на Бензема со кој ги сруши Меси и Роналдо за историја во Ла Лига (ВИДЕО)

Карим Бензема постигна и намести по два гола за победа на Реал над Мајорка (6-1) во 6. коло од Ла Лига и на тој начин запишувајќи се во историјата на шпанскиот шампионат.

Со осум гола и седум асистенции донесе 15 гола за Реал Мадрид во првите шест кола од новата сезона, надминувајќи го досегашниот рекорд на Лионел Меси и Кристијано Роналдо како најдобри и најефикасни играчи во историјата на Ла Лига.

Низ анализите на партијата на Бензема посебно се истакнува неговиот втор гол, и не само затоа што со него ја „сруши“ двојката Меси-Роналдо, туку затоа што е негов 200-ти во Ла Лига и поради целата акција и начинот на кој, на крај, ја затресе мрежата.

На интересен начин, случајно или не, со грб ја смири топката а потоа егзекутираше. Голот на Бензема со кој ги сруши Меси и Роналдо, од неколку различни агли може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...