Голот на Тео Марадона Хернандез избран за најубав во Серија А (ВИДЕО)

Милан успеа на сензационален начин да стигне до титулата во Серија А минатата сезона. „Росонерите“ по долги години успеаја да ги израдуваат своите навивачи, а тимот од „Сан сиро“ има и уште една награда за успешната сезона.

Имено, голот на Теофило Хернандез во стилот на Диего Армандо Марадона против Аталанта е избран за најдобар во сезоната.

Тој успеа со неверојатен продор кој траеше некои 60 метри да го матира противничкиот голман и да ги постави конечните 2-0.

 

Се вчитува...