Голови за паметење на „Вембли“ – лондонското дерби без победник

Тотенхем и Вест хем ремизираа 1-1 во последниот натпревар од 22. коло во Премиер-лигата, меч што го одбележаа прекрасните погодоци што ги постигнаа Обианг и Сон на „Вембли“.

Сосема очекувано, Тотенхем беше тимот што доминираше на теренот и создаваше шанси, но Вест хем прв поведе откако Обианг со „ракета“ од 25 метри ја симна пајажината од аголот на голот на Љорис. „Спарси“ тргнаа во тотална офанзива и успеаја да израмнат со извонредниот удар на Сон, но избраниците на Покетино немаа сили за целосен пресврт иако и во последните неколку минути создадоа полушанси за втор погодок.

Со ова реми Тотенхем загуби два значајни бода во битката за висок пласман, останувајќи на петтото место со три бода заостанување зад Ливерпул на четвртата позиција.

Се вчитува...