Српскиот ракометен клуб Партизан со големи амбиции ја започнува новата сезона во Регионалната лига. Еден од првите и најтешки предизвици за белградските „црно-бели“ ќе биде гостувањето во Битола кај македонскиот вицешампион Е. Пелистер.
Тренерот на српскиот тим, Раул Гонзалез пред денешниот меч вели дека секогаш е тешко да се стигне до полн плен во Битола.
„Екипата на Е. Пелистер има цврста одбрана и комбинира неколку различни тактики во одбраната. Играа во Лигата на шампионите минатата сезона, имаат квалитетни играчи и на нивниот терен е особено тешко да се победат“, изјави Раул Гонзалез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
