Гонзало: Еве каде згрешивме со Вардар во 2017 година…

Гонзало Перез де Варгас е свесен дека Барселона ја очекува исклучително тешка битка во полуфиналето против Вардар. Каталонците пред две години загубија од „вардарци“ во полуфиналето во Келн, а шпанскиот репрезентативец во изјава за официјалната веб-страница на ЕХФ откри која е грешката што неговиот тим ја направил на тој дуел.

„Тогаш бевме млада екипа, никој не веруваше дека ќе стигнеме до Келн, но го заслуживме тој пласман. Во полуфиналето не бевме брилијантни, но ни недостигаше само еден гол. Згрешивме во една работа – што не игравме како што знаеме, туку се адаптиравме на играта на Вардар. Тоа беше наша грешка, што не треба да ја повториме годинава. Играме одлично сезонава, се базираме на големата самодоверба и цврстата одбрана, тоа треба да биде наш заштитен знак и на фајналфор турнирот во Келн“ – истакна Гонзало Перез де Варгас.

Барселона сезонава два пати го совлада Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите, но „црвено-црните“ се свесни дека во 60 минути игра на „Ланксес Арена“ можат да се носат со секој ривал.

Се вчитува...