Горан Пандев го предводеше својот тим на прием кај градоначалникот на Струмица (ФОТО)

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, пред денешното приклучување на подготовките на националниот тим за квалификациските дуели против Полска и против Австрија, го предводеше својот тим Академија Пандев на прием кај градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Јаневски, денеска, организираше прием за претставниците на ФК Академија Пандев, кои беа предводени од газда Горан Пандев, по повод освојувањето на Купот на Македонија како трофеј во историјата на клубот кој е формиран пред само девет години.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во клубот и идните планови, како и за можностите за поддршка од општина Струмица која и досега овој клуб ја имаше. Градоначалникот Јаневски им посака уште поголеми успеси во иднина.

 

Се вчитува...