Горазд Михаилов позитивен на Ковид-19 – „Се чувствувам добро, немам симптоми, останувам во изолација“

Тренерот на Борец, Горазд Михаилов e позитивен на коронавирус. Тренерот на велешкиот тим за ЕКИПА.МК ја потврди оваа информација, велејќи дека е во изолација и дека се чувствува добро.

„Позитивен сум на Ковид-19. Немам симптоми и се чувствувам добро. Се изолирав како би ги заштитил сите кои што се во моја околина. Во последните мечеви тимот ќе го водам со помош на технологијата и моите помошници. Верувам во мојот тим и фудбалери и сигурен сум дека тие ќе одиграат одлично во последните три натпревари од есенскиот дел од сезоната“, изјави Михаилов. 

Борец утре во 16. коло во ПМФЛ во Струмица ќе и гостува на Академија Пандев, а натпреварот е со почеток во 13 часот.

Се вчитува...