Ѓорческа го освои турнирот во двојки на фјучерсот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го освои турнирот во игра на двојки на ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари во Анталија, Турција.

Ѓорческа заедно со Хрватката Дражиќ, како први носителки, во финалето славеа со 7-5, 4-6, 10-7 против вторите носителки, Холанѓанките Ведер/ Вишер.

Претходно, настапите во поединечна конкуренција Ѓорческа ги заврши во полуфиналето на турнирот.

Се вчитува...