Ѓорческа ја освои титулата во грчки Хераклион

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа стигна до титулата на ИТФ фјучрсот вреден 25.000 американски долари кој неделава се играше во грчкиот град Ираклион.

Нашата најдобра тенисерка во финалето славеше над Романката Мириам Бјанку Булгару која во моментов е на 281. позиција на ВТА листата со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-4.

Ѓорческа викендов пропушти да се радува на две титули откако вчера во игра на двојки заедно со својата партнерка Деа Херџелас од Босна и Херцеговина беа поразени во финалето од романско/бугарската двојка Гаврила/Каратанчева со 2-0, по сетови 6-4 и 6-4.

Се вчитува...